Движењето Беса ја поддржува иницијативата на 12 пратеници за измени на изборниот модел, но побара да не се менува пропорционалниот изборен модел и наместо затворени, Беса се залага за отворени листи.

„Изборните единици од 6 треба да се намалат на 3 бидејќи тоа ја одразува реалноста во државата, а тоа е дека одредени етнички заедници гласаат во одредени региони “, појасни пратеникот Фадил Зендели.

Претходно 12 народни избраници информираа дека иницирале измени на Изборниот законик со кои бараат да се воведе една изборна единица.