Изградбата на македонската нација во ништо не се разликува од другите, вклучително и бугарската. Аргументот дека македонскиот јазик е „вештачки“ е бесмислен, вели во интервју за „Дојче Веле“ белгискиот историчар Рејмонд Детрез.
Професор Рајмонд Детрез е историчар и основач на Центарот за југоисточно-европски студии на Универзитет во Гент, Белгија. Автор е на повеќе книги и трудови посветени на Балканот, а особено внимание привлече неговото истражување на животот и делото на Григор Прличев (1830-1893).
„Не бива љубов со сила“, вели во интервју за Дојче веле, Детрез алудирајќи на актуелниот бугарско-македонски спор.
„Им советувам на Македонците да ја гледаат ‘Катна сопственост’, а на Бугарите да гледаат ’Преспав’, да си пијат заедно жолта и сливенска перла, да си ја гледаат работата и да не се занимаваат повеќе со национални симболи и потсмеви, целосно да го заборават минатото кое ниту ги храни, ниту ги грее. Еден ведар национален нихилизам најмногу ќе придонесе кон решавањето на македонското прашање“, вели Детрез.
Comments are closed for this post.