Барањата на пратениците од опозицијата, коишто гласаа позитивно за отворање на измените на Уставот, за премиерот Зоран Заев не се пречка и проблем да се надоградат амандманите за да се утврди конечната верзија за уставните промени, согласно Преспанскиот договор со Грција
Премиерот изрази убеденост дека барањата на осумте пратеници кои ги доставија пред гласањето во парламентот можат да бидат инкорпорирани во уставните измени.
Верувам дека и во тие 15 дена ќе можеме да се усогласиме и да очекуваме да расте поддршката од мнозинството во наредните фази. Како ќе бидат конечните амандмани коишто Собранието ќе ги гласа, ќе потврдува дека нема ништо да е болно, тешко или скриено, напротив, сите овие амандмани повеќе ќе не обединат и ќе не фузираат, затоа што со нив ќе се гарантира иднината на нашата земја – изјави Заев.
Comments are closed for this post.