Државната комисија за спречување на корупцијата ја одржува својата прва јавна седница.

На почетокот од седницата, претседателката Билјана Ивановска, нагласи дека ќе се расправа за тоа дали има конфликт на интереси со изборот на Нури Бајрами, кој е баџанак на Талат Џафери, за член на комисијата.

Потоа, беше извршена ждрепка за тоа кој во следните шест месеци ќе биде заменик-претседтаел на комисијата. Ждрепката одлучи тоа да биде токму Нури Бајрами.

По ждрепката, Бајрами само кратко истакна дека не е време за шоу, туку дека треба да почнат да работат.