Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) и апелира возачите да не го користат автопатот.

Според најавите автопатот би требало да биде пуштен следната недела.