Вчера на улицата „Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишен маж од село Сингелиќ, скопско, удрило во шестгодишно дете од селото.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Полицијата извршила увид.