Возилата од јавниот превоз денеска поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП-Скопје.
По делничен возен ред ќе сообраќаат само возилата на приватните превозници, односно линиите 11, 11А, 47А, 55 и 55Б.
Дежурни ќе бидат билетарниците кај Транспортен центар со работно време од 7 до 19.30 часот, кај Зелен пазар од 7 до 19.30 часот и во Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.
Comments are closed for this post.