Директната авио-линија меѓу Софија и Скопје, за која на последната средба се договорија премиерите на Бугарија и С.Македонија, ќе ја одржува GullivAir, дознава Сега.бг.
Дестинацијата, која досега на двапати беше затворана заради нерентебаилност, всушност е дел од поголеми планови на компанијата. Уште во март минатата година GullivAir доби официјална дозвола од Депратментот за транспорт на САД за озржување чартер и редовни линии од ЕУ до САД. Во март или април годинава компанијата ќе започне да лета на директна линија Софија-Њујорк. Компанијата има дозвола за директни летови и до меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто, Канада.
Истовремено, компанијата планира да организира и летови не само од Скопје, туку и од други аеродроми на Балканот-Тирана и Солун, за да го обезбеди пополнувањето на 335-те места на трите авиони Airbus A330-200, кои ќе летаат до „Џ.Ф.Кенеди“ во Њујорк, првично по двапати неделно, во среда и петок. На тој начин, дури и да се полупразни авионите од кратките маршрути на Балканот, ќе биде гарантирана исполнетоста на прекуокеанските летови. За да имаат економска исплатливост кратките летови, тие ќе бидат одржувани со мали авиони. GullivAir има двомоторни европски ATR-72 авиони, а цената ќе биде до 50 евра.
Моментно нема авиокомпанија, што нуди директни летови од Софија до САД. Последниот директен лет на „Балкан“, кој леташе до Њујорк, беше во 1999 година. Тогаш Федералната агенција за авијација (FAA) им забрани на наши (бугарски н.з.) превозници да летаат до аеродромите во САД, но во 2008 година таа забрана беше укината.
Моментно GullivAir одржува само една редовна линија-до Бургас и неколку директни чартер летови од Бугарија до далечни дестинации како, на пример, до Малдивите и Доминиканската Република.
Comments are closed for this post.