Гинекологот и директор на струшката болница рекол дека породил машко дете во случајот на дебарчанката Илдиз Веаповска, а сепак нејзиното дете е женско, пишува Телма. Ова е само една од небулозите испишани во извештајот на лекарската комора која сепак не утврди пропусти во делувањето на докторот Мухамед Асани. Но ова е само еден проблематичен дел од извештајот за Веаповска. Во него пишува и дека бубрегот и бил изваден оти имало повреда на артеријата.

Од она што може да се види, извештајот е направен пред точно еден месец, на 15 февруари, но до сега беше тајна дури и за Веаповска. Во него ги нема имињата на петчлената комисија која го изработила и која не утврди лекарска грешка при постапувањето на докторите.  Потпишан е заменик претседателот на комората за кого во петокот на прес конференција претседателката рече дека ги бирал докторите кои ќе одат во надзор, но не кажа дали и тој самиот учествувал во надзорот.

Целиот текст овде.