Граѓаните чувствуваат бројни неправди на своја кожа и затоа протестите стануваат се помасовни. Оваа влада работи единствено за интересите на семејството Заеви и затоа народот се крена, вели во интервју за „Република“ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, пред денешниот голем протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Протестите ќе продолжат и во следниот период. Заев може да очекува жешка есен.Народот се мобилизира. Не може веќе да ги трпи овие неправди и одговор на тоа е и денешниот протест за неправдите кои се случуваат-вели Арсовски.
Тој смета дека оваа влада крахира на секое поле, економско, здравствено со корона кризата, а сега имаме и дебакл со почетокот на учебната година.
Резултатите се катастофални.Ниту владата се справи со здравствената криза ниту со економската. Дури и вонредната состојба беше искористена само за злоупотрреби во корист на власта. Имаме 40.000 луѓе кои ги загубија работните места, а пак 100.000 луѓе останаа дома и не знаеја дали ќе примат плата бидејќи државата не му гарантираше на стопанството дека финансиски ќе помогне да се преброди оваа криза-додава Арсовски.
Арсовски е убеден и дека во Македонија нема правда и оти не може да ја има со обвинителка како Вилма Рускоска.
За сите скандали на премиерот нема ниту еден отворен случај со што доаѓаме до заклучок дека Обвинителството на Вилма Рускоска е под директна команда и спрега со Зоран Заев.Може да се отвораат непостоечки случаи кон ВМРО-ДПМНЕ, кон наши функионери, може Рускоска да го тужи ВМРО-ДПМНЕ за нарушување на своето здравје и душевна болка, лутина но тоа повлекува и друго а тоа дали таа е подготвена да го води Обвинителството и да биде непристрасна. Но нема да слушнете ни еден случај што е отворен по допрен глас за функционери на СДСМ -вели Арсовски.
Comments are closed for this post.