Зоран Заев, Стево Пендаровски и Радмила Шекеринска како Влада на СДСМ се срамат од името Република Македонија. На вчерашниот настан во Македонската Филхармонија, на заедничкиот концерт на оркестрите на армиите на САД, Велика Британија, Словенија, Грција и Македонија, од македонските парадни униформи беше тргнато државното име Македонија, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој истакна дека војните оркестри од повеќе држави на своите униформи имаа ознаки која држава претставуваат, само македонскиот не.

„Заев, Пендаровски и Шекеринска спротивно на закон и чл. 32 од Уредбата за единствениот знак за припадност на АРМ, кој вели дека на униформите задолжително стојат и ознаките на Република Македонија вчера организираа концерт на кој припадниците на АРМ на униформите немаа испис која држава ја претставуваат.Власта мора да одговори кога е сменета Уредбата за единствен знак за припадност на Армијата на Република Македонија? Доколку не е сменета, кој  ќе одговара за нејзиното кршење вчера?“, истакна Арсовски.

Тој побара власта да одговори и кога е распишана јавната набавка за новите ознаки за униформата и Дали ваквите униформи се набавени преку набавка или на друг начин.