Владата ќе продолжи да дава и да разменува идеи се додека не се надминат проблемите и пречките со Бугарија, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски во одговор на новинарско прашање зошто специјалниот претставник не ја информира јавноста по враќањето од Софија за нонпејперот што го претставил на бугарските власти.

-Владата пред десетина дена информираше, а кажа и специјалниот претставник на Владата, дека документот содржи и размена на идеи кои постојано ги даваме и ќе продолжиме да ги даваме, се додека не ги надминеме проблемите и пречките кои од страна на Бугарија се испречија за нашата европска интеграција, односно за следниот чекор а тоа е одржувањето на првата меѓувладина конференција, рече Арсовски.