Венко Филипче повторно ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Од медиумите вчера можевме да видиме дека на повидок има нов скандал за централизација на стерилизација во Министерството за здравство. Скандал помалку или повеќе сличен или идентичен на тендерот за реагенси кој пропадна инаку вреден 35 милиони евра. Скандалот со тендерот кој вчера го објавија медиумите за централизација на стерилизацијата на клиниките во моментов активен и трае до 21 мај, а тендерот е во вредност од 13.700.000 евра“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски прашува:  Кој близок до власта ќе го добие овој тендер и во чиј џеб ќе завршат овие пари на граѓаните? Дали ова е уште еден тендер по ист принцип на тендерот за реагенси?Дали се свесни Венко Филипче и СДСМ дека со овој принцип на централизирано стерилизирање постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните?

Како што рече тој планирано е целата опрема што ќе се стерилизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука постои можност дополнително да има опасност од инфицирање и бактерии.

Апелираме и повикуваме, веднаш да се стопира овој тендер и да се отвори поширока јавна расправа, за да се тргнат сите сомнежи во моментов. Венко Филипче е подготвен за чистење и метла. Оставката му е неизбежна“, порачуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.