Додека граѓаните се оставени сами на себе да се борат со оваа пандемија и се преокупирани и исплашени за своите животи, бидејќи секојдневно веќе е двоцифрен бројот на починати, СДСМ, власта и семејството Заеви се занимаваат со шверцување на роба, рече на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Се уште јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана роба од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камионот во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба. Според нашите информации, камионот кога бил сопрен кој превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов, инаку „Винекс текстил“ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната роба и авто деловите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата.
Според нашите информации исто така половина од раководство на МВР ѕвонело кај началниците на полициската станица Шуто Оризари и Чаир, да се интервенира камионот да биде пуштен без никаков прекршок. Додека пак сите знаеме дека за ваква работа се запленува целиот камион, робата и се оди во затвор. Исто така, според нашите информации иако бил известен и повикан инспектор од секторот за економски криминал, тој истиот не отишол на увид во полициската станица кај што бил паркиран запленетиот камион, бидејќи му било наредено од раководни лица од министерството негови претпоставени да не
излегува на увид и да го заташка целиот случај. Затоа истиот не излегол на увид. Дали секторот за внатрешна контрола ќе отвори случај за тоа кој интервенирал да се ослободи запленетиот камион, да не отиде на увид инспекторот на економскиот криминал што е против сите закони на делување во оваа држава?
Дали Јавното обвинителство ќе се одважи да отвори случај за шверцување на брендирана роба за која што веруваме дека не е изолирана и дека не е единствен туку е добро разработена шема изминативе три години каде што сомнежите постојат дека директно потекнува од семејството на Зоран Заев? Дали конечно една институција во држвава ќе проработи како што треба односно по она што го пишува во законите?
Очигледно е дека со Република Македонија владее мафија на власт. Додека луѓе ни умираат секојдневно, мафијата единствено шверцува и ги полни своите џебови со пари како никогаш до сега, рече Арсовски.
Comments are closed for this post.