Арбен Таравари се сомнева дека годинава ќе се одржи попис-роковите се кратки, а методологијата нејасна

29.01.2021 / 15:25


Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари се сомнева дека годинава ќе се одржи попис. За него е нејасна методологијата за попишување и нема да оди на дебатите, бидејќи, како што вели, на нив мнозинството градоначалници застапуваат партиски ставови.

Сомнежот дека попис оваа година нема да има, Таравари го искажа во одговорот на новинарско прашање дали добил покана за учество во најавените дебати. Прашан на што го темели сомневањето, посочи дека роковите се кратки за да се исполнат условите, а нејасна е и методологијата.

Попис треба да има, тоа сум кажал повеќе пати и стојам на тој став. Меѓутоа имаме повеќе забелешки на методологијата. Не можам да го разберам ниту директорот државниот завод за статистика кој во неколку наврати различно зборува. Од тие причини, имам лични дилеми дека пописот ќе се одржи оваа година. Еве, веќе сме февруари, а подготовките за ваква значајна операција не се почнати, рече Таравари, нагласувајќи дека тоа е негов личен став.

Дебатите за пописот на кои се поканети градоначалниците ги смета за некорисни. На нив нема да оди, бидејќи во ЗЕЛС мнозинството се кадри на СДСМ и предлозите на опозициските градоначалници нема да се прифатат.

Добивме покана од ЗЕЛС, но таму од 85 градоначалници, само петмина не се од СДСМ. Па така, бадијала ќе дебатираме, кога нашите сугестии и предлози не се прифаќаат. Јас веќе година и пол ги игнорирам нивните седници, така ќе биде и со оваа. На оваа тема ќе дебатираме, но во ЗЕЛС не, објаснува гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Денеска е Чист петок

пред 2 часа
Македонија

Мицкоски не ја исклучува можноста Груби да се врати во Шутка

пред 13 часа
Македонија

Мицкоски смета дека Филипче е исплашен од исказот од Груби

пред 13 часа
Македонија

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

пред 13 часа
Македонија

Повисокото јавното обвинителство, а не Советот на јавни обвинители биле надлежно за случајот „Груби“

пред 20 часа
Македонија

Мицкоски му порача на Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира и следната влада

пред 20 часа
Македонија

Генералниот секретар на НАТО во вторник доаѓа во официјална посета на Македонија

пред 21 час
Македонија

Кој го предаде Кузман Питу на Бугарите?

пред 23 часа
Македонија

Обвинителите не се откажуваат од повисоки плати

пред 1 ден
Македонија

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

пред 1 ден