Aпелацискиот суд во Скопје го вратил на повторно одлучување предметот во кој шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета, соопшти партискиот лидер Христијан Мицкоски, кој обвинува дека станува збор за политички нарачки во пресрет на локалните избори.
Во прв степен, Русковска го загуби спорот, односно Основниот граѓански суд во Скопје ја отфрли тужбата со која обвинителката бараше отштета за клевета бидејќи опозицијата ги споменуваше нејзиниот лик и дело во спотови од предизборната кампања за ланските избори.
Одлуката на Апелација, Мицкоски ја оценува како политички прогон.
Ако не е јасно зошто никој не се занимава со сузбивање на организираниот криминал, тоа е поради тоа што истите луѓе се занимаваат со политички прогон. Тужбата на Русковска за видеоспот од кампањата за парламентарните избори која ја загуби во прв степен, Апелациониот суд ја враќа на повторно одлучување. Апелациониот суд очигледно ја уважува ‘душевната болка и претрпен страв’ од спот, во исто време кога кај народот душевна болка е тоа што наместо вакцини бркаа провизии, тоа што светски мафијаши сè уште хараат низ светот со пасошите на Спасовски, тоа што парите од рекетот никогаш не се дозна каде завршија, тоа што нема пари за лекување на граѓаните, а има за милионска противпожарна скала на Шилегов. Ако мислат дека ќе нè исплашат, се лажат. Ако мислат дека ќе победат, дебело ќе загубат – реагира Мицкоски.
Одлуката да ја отфрли тужбата, Граѓанскиот суд ја донесе лани во октомври. Со тужбата, Русковска бараше отштета во висина од 10 000 евра, кои рече дека ќе ги донира во СОС детското село.
Пред поднесувањето на тужбата, Русковска побара прво извинување, кое не го доби. Нејзиното име се споменуваше во два спота на ВМРО-ДПМНЕ. Во еден беше прикажана мајка како му чита приказна пред спиење на своето дете и споменува име „Вилма“, која дава можност политичарите да одберат обвинение за своите противници. Во друг спот, пак, се користеше нејзина и фотографија од судијката Добрила Кацарска, а ВМРО-ДПМНЕ велеше дека на тој начин сака да покаже дека тие станале синоним за неправдите на Зоран Заев и луј витон правниот систем.
Comments are closed for this post.