Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Сулејман Реџепи и го укина решението на Основниот граѓански суд Скопје 2 во врска со назначувањето на Скендер Бузаку за нов поглавар на Исламската верска заедница.
Од Апелацискиот суд потврдија дека второстепениот суд ја уважил жалбата и предметот е вратен на повторно одлучување. Апелација го вратила предметот на повторно одлучување поради неколку пропусти при носењето на првостепената одлука, при што се наведува дека Бузаку при изборот имал една година помалку од потребните 40 години, додека како проблематичен момент се нотира и незапазениот рок на поднесување на документацијата за изборот на новиот поглавар до судот
Comments are closed for this post.