Да се справите со корупцијата е клучно за вашето пристапување кон ЕУ и НАТО, порача државниот секретар на САД, Мајкл Помпео на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Охрид.

Како светски лидер во демократијата, Америка поддржува земји кои се цврсто посветени на владеењето на правото. Ги поздравуваме чекорите кои вашата Влада ги презема да се бори против корупцијата и секого кој ја злоупотребува положбата довербата на јавноста. Борењето против корупцијата е клучно за вашето пристапување во ЕУ и НАТО, но уште поважно е да демократијата и вашиот народ – рече Помпео.