М-НАВ и Влада да и ги достават сите документи поврзани со спорниот тендер за набавка на радарскиот систем, бара Антикорупциската комисија. Комисијата ќе го испитува случајот по сопствена иницијатива, по снимките објавени во медиумите.

Антикорупционерите сакаат да знаат во кое својство Рашковски бил вклучен во постапката, зошто е разрешен техничкиот директор Чепуњовски и од кои причини пстапката се одолговлекла седум години.

Ќе се разгледува и снимката објавена во јавноста.