Антикорупциска комисија одлучи да не покрене постапка против градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш за злоупотреба на службено возило во предизборна кампања во општина Крива Паланка.

Од поднесените докази, како што беше посочено не може да се утврди кога се случил настанот, дали бил дел од кампања и дали возилото е на општината бидејќи не му се гледаат табличките.