Антикорупционерите ќе поднесат прекршочна пријава против директорот на МЕПСО, Куштрим Рамадани. Тој беше именуван за директор на МЕПСО и покрај укажувањата на ДКСК дека постои судир на интереси затоа што претходно бил член на Регулаторната комисија за енергетика.

Претседателот и членовите на РКЕ во рок од две години по престанувањето на вршењето на јавните овластувања и должности, не можат да бидат именувани како членови на орган на управување на вршителите на регулирани енергетски дејности како и на вршителите на енергетски дејности на кои што им е наметната обврска за обезбедување на универзална, односно јавна услуга со оглед на надзорната функција која ја има РКЕ врз овие тела, се вели во мислењето што антикорупционерите претходно го испратија до Владата, но сепак Рамадани беше именуван за директор.

извор Слободен печат