Антикорупционерите најавија дека ќе ја оспорат одлуката на Управниот суд, кој ја уважи тужбата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, кому тие му поднесоа прекршочна пријава во врска со указите со кои за време на избори тој ги унапреди началникот на генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски, во чин генерал-потполковник и изврши промена на три командни генералски места во АРМ, пишува 360 степени.
Според Управниот суд, Антикорупциска ја донела одлуката без да му овозможи на Иванов да изложи своја одбрана. Освен тоа, според Управниот суд, противуставно е да се укине веќе стекнат офицерски или генералски чин.
Од Антикорупциската комисија велат дека имаат доволно аргументи на своја страна и дека ќе ја обжалат одлуката на Управниот суд, кој според нив не се занимавал со суштината на прекршокот.
Во оваа судска одлука не се третира дали е правилно или неправилно постапувањето на претстадателот. Тие постапуваат од аспект на формата, односно дали сме требале да го повикаме претседателот како странка во нашата постапка. Таа одлука се однесува на процедурата. Ние сметаме дека сме постапиле правилно и ќе си аргументираме нашиот став во жалбата што ќе ја доставиме до Вишиот управен суд. Случајот не е загубен и се уште е жив. Не е разговарана материјалната страна. Ова се правни тактики, ако можам така да кажам, и ние ќе се бориме, вели претсеадтелката на Антикорупциската Комисија, Билјана Ивановска .
Comments are closed for this post.