Антикорупциската комисија ги одби сите пријави поврзани со изборите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за девет пријави што најголемата опозициска партија ги поднесе на разгледување до антикорупционерите.

На седницата на комисијата присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, со оглед на тоа што меѓу пријавите беше и таа за булеварот АСНОМ, којашто беше една од отфрлените пријави.