32 990 денари му биле потребни на четиричлено семејство во Македонија во април за покривање на основните месечни потреби, покажуваат податоците од Синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Граѓаните кои ги анкетираше ПресингТВ сметаат дека просечната плата треба да изнесува најмалку 500 евра за да може да имаат пристоен живот и доволно пари за да ги покријат основните трошоци.

Со моменталните примања, велат им стигнува за сметки и за храна, но за останатите трошоци потешко.

„30 илјади денари можеби и не се доволно, затоа што режиски трошоци и пазарење во супермаркет и на крајот задоволствата на децата, не останува да се заврши месецот, вели една од анкетираните.

Пристоен живот може да подразбере и да се има пари само за јадење и пијалоци, тогаш може да преживее и со 18 илјади денари, смета друг граѓанин.

„Да речеме 300 евра, 100 евра за јадење, 100 за трошоци дома и 100 евра да си дозволиш нешто, ама со стегање малку“, изјави анкетираниот.

Февруарските податоци покажуваат дека на државно ниво, просечната нето плата изнесува 24 192 денари или 393 евра.