Институтот „АКСИОС“ во периодот од 24.09 до 28.09.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина/Град Скопје во Република Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје. Анкетата е спроведена на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.

Во наредниот период ќе ги објавуваме и останатите истражувања за локалните избори во 2021 година.

Статистичкта грешка на анкетата е околу 2%.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во општина Петровец со кандидатот Борче Митевски, во Виница со кандидатот Миле Петков, додека блага предност во Куманово има независниот кандидат Максим Димитриевски.

Во Гостивар убедливо водство има кандидатот од Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Алтернатива.