Датумот 11 октомври е еден од најсветлите во македонската историја. Претставува непокор на македонскиот народ, симбол на револуционерната борба на македонскиот народ за своја држава и за просперитет. Денеска повторно сме исправени пред слични моменти, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев кој ја предводеше владината делегација на денешното оддавање почит и положување цвеќе на Могилата на непобедените во Прилеп каде се моштите на 650-те загинати борци од градот – херој.

Ако во 1941 година 11 октомври бил датум на борба против фашизмот, денеска имаме нови предизвици како македонска држава: да се биде член на НАТО и на ЕУ каде се нуди стабилност, безбедност за нашиот народ. Македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна на историјата и секогаш знаел да препознае кој е просперитетот. Се надевам дека и во овие судбоносни моменти на Република Македонија ќе го направиме истото и ќе тргнеме по вистинскиот пат, порача Анѓушев.

.