Горан Ангелов – Ќосето, еден од обвинетите за настаните од 27 Април, преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев околу неговата најава дека ќе биде еден од кандидатите за претседател на државата на партиската Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ. Ангелов револтирано порачува дека Ѓорчев не нашол време да ги посети семејствата, а сега бара поддршка најавувајќи дека сега ќе ги посетел сите.