Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во емисијата „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“ изјави дека повеќе институции работат на откривањето на испраќачите на стотиците лажни дојави за бомби во македонските училишта и јавни објекти.
Ангелов вели дека ова нанесува економска штета, а му штети и на образовниот процес.
Сепак, тој смета дека граѓаните ќе отрпнат на ова и дека дел од нив веќе воопшто не се плашат, затоа што знаат дека дојавите за бомби се лажни.
Ако сега отидам дома и ако ми јават дека во зграда има дојава за бомба, нема да излезам, ќе гледам телевизија, надвор студи“, изјави Ангелов.
Comments are closed for this post.