Бугарската редакција на Дојче веле објави текст за германската канцеларка во заминување Ангела Меркел во кој таа е прикажана низ очите на светските карикатуристи во периодот на нејзиното владеење. На насловните страници на различни изданија таа била прикажувана како Хитлер, Мајка Тереза и пират.

Презентирајќи ја колекцијата од карикатури, авторката Бетина Бауман заклучува -Да, Ангела Меркел ги поларизирала мислењата.

Жигосување или камшик?

Во текот на 2011 година, во екот на кризата со еврото, шпанското сатирично списание „El Jueves“ објави карикатура на германската канцеларка во друштво со шпанскиот премиер Маријано Рахој. „(Евро)-железо за жигосување или камшик“, го прашуваа таа својот колега. „Зависи“, возвраќа тој. Со оваа карикатура списанието сакаше да покаже дека условите за давање финансиска помош на Шпанија се исклучително строги.

Меркел како Хитлер

Од должничката криза, тешко астрада и Грција, која требаше да смета на странска финансиска помош. И Ангела Меркел ја обезбеди, и тоа доста дарежливо, но во замена побара строги мерки за економијата. Тоа, пак, беше повод за грчкиот печат, како што покажува и оваа фотографија на дневниот весник „Демократија“, да прави споредби со германската окупација на државата во текот на Втората светска војна.

Меркел како концлогорашка

Паралели со нацистичкиот режим исто така има и во полскиот печат. Во 2013 година неделникот „Uwazam Rze“ на насловната страница излезе со колаж, кој германската канцеларка ја прикажува во униформа на концлогорашка. Повод беше документарниот филм „Нашите мајки, нашите татковци“ на германската телевизија ZDF, кој во Полска беше примен со бран од критики дека ја фалсификува историјата.

Меркел со „покерфејс“

Значително потрезвен поглед демонстрира кинеско списание, кое во декември 2011 година на Меркел и припиша квалитет, што значи респект кон канцеларката-„Покерфејс“ гласи насловот. Тој е одраз на посетата на Меркел на Кина и нејзините разговори со тогашниот кинески премиер, со кого таа ја разгледа улогата на Кина во стабилизирањето на еврозоната.

Меркел како „Терминатор“

Меркел не може лесно да избега од својот имиџ на премногу моќна лидерка. Британското политичко списание „New Statesman“ во јуни 2012 година ја преобрази во опасна машина за убивање „Терминатор“. Во таа улога, обично, сме навикнати да го гледаме Арнолд Шаврценегер. Според изданието, Ангела Меркел е најопсната германска лидерка по Адолф Хитлер и поопасна дури и од Ким Чен Ун.

Меркел како Мајка Тереза

Во 2015 година, ликот на Ангела Меркел се смени за една ноќ-откако Унгарија одби да прима бегалци од војната во Сирија, канцеларката реши да им дозволи да дојдат во Германија. Нејзините зборови „Ќе се справиме“ напишаа историја, а позицијата на Меркел аиде на големо одобрување, особено во странство.

„Канцеларката на слободниот свет“

Уште истата година американското списание Time ја прогласи Ангела Меркел за „личност на годината“ и ја нарече „канцеларка на слободниот свет’. Објаснувајќи го изборот, списанието потенцира дека Меркел својата добротворна цел ја искористила како оружје. Авторот на текстото се надева дека успеал да долови „барем малку од достоинството, сочувството и човечноста на канцеларката“.

Меркел „освојувачката“?

Сочувството и човечноста не се квалитети со кои во Полска се асоцира на Ангела Меркел. Неделниокот „Wprost“ излезе со насловна страница со наслов „Тие одново сакаат да ја контролираат Полска“ и повторно направи паралела со Хитлер. Фотографијата на германската канцеларка опкружена со водечките фигури од ЕУ, како тогашниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер, е колаж од историската фотографија на Хитлер со неговите најблиски соработници.

Меркел од Карибите

На парламентарните избори во 2017 година, Ангела Меркел и нејзината ЦДУ претрпеа тешка загуба. Заради бегалската политика многу гласови се префрлија на контото на десничарската Алтернатива за Германија. Тогаш се оцртуваше нова владејачка коалиција, т.н. „Јамајка“-сојуз меѓу ЦДУ/ЦСУ, либералите и Зелените. И германскиот печат реагираше соодветно со соодветни колажи.

Крајот на една ера

На крајот, сепак се дојде до нова голема коалиција со социјалдемократите. А, по 16 години на чело на извршната власт, Ангела Меркел се повлекува доброволно. Во написи и книги за ова се говори како за крај на една „ера“. Едно од изданијата е биографската книга за Меркел од Урсула Вајденфелс. А, кој или што ќе следи по неа, за тоа одлучуваат избирачите на 26 септември.