Кога човек не се чувствува лагодно и бара излез од ситуацијата, користи еуфемизми. Сите луѓе се деца на Бога, само што едни се цареви, други селани, трети војници итн. Тоа, се разбира, не е сериозен аргумент, изјави во утринската емисија bТВ новините, Ангел Димитров, првиот човек на бугарскиот дел од мешовитата македонско-бугарска комисија за прашањата од историјата и за учебниците.
Прашањето на првиот бугарски амбасадор во Република Македонија уследи како резултат на изјавата на премиерот Зоран Заев за Н1 БиХ телевизија поврзана со прашањето чиј бил цар Самоил. Премиерот Заев тогаш изјави дека Самоил не бил ниту Македонец, ниту Бугарин, туку Божји син.
Comments are closed for this post.