Да, во протоколот се велеше дека тој е бугарски владетел, продолжувач на бугарската царска традиција. Кога подоцна стана збор тоа да биде ставено во учебниците, нашите колеги избегаа од таа определба-тоа не било за учебниците, туку само за политичка употреба. Тие двојни стандарди се одраз на една нивна методологија.
Ова е одговорот на копретседавачот на мешовитата бугарско-македонска комисија за историски и прашања за учебниците, Ангел Димитров, на новинарското прашање дека и за цар Самоил исто има некакви спорови, во рамките на интервјуто за софиски „Труд“.
Изјавата на Димитров за првпат отворено дава одговор како веќе решеното прашање за цар Самоил одново стана проблематично, обелоденувајќи ја содржината на протоколот за постигнатата согласност меѓу двете страни.
Comments are closed for this post.