Амнестија за настаните од 27 април ќе има дефинитивно за сите. Премиерот Заев детално објасни што ќе содржи законот за амнестија кој е веќе подготвен и следната недела ќе се најде пред пратениците.

Според него, законот за амнестија има за цел да донесе помирување и подавање на рака и прави јасна дистинкција и разграничување што учество во насилството, за маскираните луѓе, што значи тие што кренале рака и употребиле насилство, но што значи и организацијата и осмислувањето каде што се издвојуваат и тамузаконот нема да важи.

Премиерот признава дека ова е политичка одлука но оти оти најважната порака што треба да се испрати е дека немаат намера да се мешаат во правосудството.

Самиот закон ќе испрати порака за помали казни дури и за тој дел. Значи амнестија за сите што не учестувале во насилство и не биле организатори. Тоа во законот е проектирано но и самите членови во законот кои доведуваат до идното казнување нема да бидат тероризам со над десет години казни. Веројатно ќе бидат со помали почетни казни, но казни ќе има поради тоа што секој систем на пеналење или казнување во целиот свет ја има пораката да не се повтори никогаш повеќе. Сето тоа значи јасна дистинкција дека се носат политички одлуки со целата одговорност. Јас ја отворив оваа работа во Парламентот и верувам дека ќе успее во Македонија за ова толку потребно помирување, но истовремено ќе ја испрати пораката дека казнувањето мора да опстои но и најважната порака на немешање во правосудството.

Обвинетите за настаните од 27 април меѓу кои има и неколкумина пратеници се гонат за дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ според членот 313 од Кривичниот закон.


Доколку бидат прогласени за виновни се соочуваат со затворска казна од најмалку 10 години.
Со новиот закон, како што тврди Заев, нивните казни ќе бидат заменети со помали, но казни секако ќе има.