Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека за нив е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори.
Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано, рече Ахмети во синоќешното интервју за ТВ 21.
Ахмети кажа дека ДУИ стои зад кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата. Вели дека со тоа се гради нов концепт и прв пат има заедничка кандидатура што има поддршка и од македонските и од албансмите политички сили.
Comments are closed for this post.