Амди Бајрам, претседателот на Сојузот на Ромите ги повика граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат За. Неговата партија со сите 35 ограноци низ државата донела едногласна одлука да го поддржи референдумското изјаснување. Тој гарантира дека од 42.000 до 47.000 Роми ќе глассаат ЗА.
Гласот За е за сите македонски граѓани, за нивниот интерес за влез во НАТО и за стабилност и за членство во Европската Унија а со тоа и глас за подобра иднина. Ние веќе работиме на терен и ќе работиме, но ги повикувам Ромите и од другите партии да излезат да гласаат позитивно. Очекувам дека со одлуката за подобар живот ќе гласаат од 42.000 до 47.000 Роми за да помогнеме на нашата држава, рече Бајрам.
На новинарско прашање како ги коментира политичарите кои повикуваат на бојкот и на гласање против вели дека сигурно нивни членови ќе гласаат скришно ЗА. Ги повика да размислат и секако да се изјаснат за да успее цензусот. На прашање како го коментира ставот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не сака да коментира но дека цело време работеле и со нив на влез на државата во НАТО и ЕУ.
Не би коментирал ништо околу нив, ама мислам дека при крај ќе преовлада разумот и кај нив. Цело време работевме за влез во НАТО и ЕУ. Ова е како таа „Магарето застанало на улица и не сака да шета повеќе, па мораш малку да го боцкаш”. Не мислам дека треба да се бојкотира, рече Бајрам.
Comments are closed for this post.