Премиерот на Македонија, Зоран Заев во денешна изјава за медиумите говореше за можна средба со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и проблемите кои се појавија со овој наш источен сосед.
„Бугарија е голем пријател на Северна Македонија и верувам дека ќе останеме на тоа. Ние треба да имаме добра волја, да гледаме позитивно за да се реши проблемот. Верувам дека ќе има средба со премиерот Борисов, а работните групи ќе создадат атмосфера за тоа. Драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и идентитет“, порача Заев.
Comments are closed for this post.