Алтернатива ја откажа седницата на Централното претседателство која беше закажана за денеска, а на која се очекуваше партијата да дискутира и да одлучи дали ќе се приклучи кон парламентарното мнозинство и ќе влезе во Владата.

Откажувањето на состанокот, како што велат оттаму, е во знак на солидарност со жртвите од трагедијата во Бугарија и нивните семејства.

„Изразуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваме брзо враќање во нивните животи“,велат од Алтернатива.

 

Откажан е и состанокот на СДСМ на кој требаше да се расправа за оставката на Заев.