Пратеничката на Либералната партија во Бундестагот Рената Алт ја повика владата во Берлин да влијае врз Софија за да се отвори патот на Северна Македонија кон ЕУ. Таа бара укинување на принципот на едногласност во ЕУ, пишува Дојче веле.

Бугарија го користи членството во ЕУ како сретство за притисок врз С. Македонија и го торпедира процесот на проширување на Унијата, вели пратеничката на Либералната партија (ФДП) во германскиот парламент и член на Комисијата за надворешна политика, Рената Алт. Тоа, според Алт, е неприфатливо.

Со своето вето, Бугарија го торпедира секој напредок во процесот на пристапување кон ЕУ. Фактот дека Бугарија го користи своето членство во ЕУ како средство за да изнуди отстапки во историскиот спор со Северна Македонија е целосно неприфатлив и предизвикува повторна штета на процесот на пристапување во ЕУ, вели Алт.

извор: Дојче веле