Независната пратеничка група во Собранието го нема разгледано законот, но го поздравува предлогот на ДУИ за донесување закон за ветинг, односно поставувањето дополнителни услови и проверки за јавните функционери.
Ова денес го изјави независната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова по најавите дека ДУИ ќе поднесе предлог-закон за ветинг за сегашните и идните функционери, со што ќе се опфати и судството, судии и обвинители.
Пратеникот на ДУИ Артан Груби за Портал алб потврдил дека коалициониот партнер на СДСМ има поднесено предлог во форма на закон за ветинг на функционерите.
Ветингот е иницијатива и автономна политика на ДУИ, која веќе ја доставивме до СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за поддршка во форма на закон. Ветингот предвидува контрола и проверка на сите сегашни и идни функционери, обвинители и судии. По добивање на предлози или коментари од партиите, законот ќе го пуштиме во собраниска процедура – вели Груби.
Александрова смета дека такво нешто, односно контрола на јавните функционери, треба да постои и оти „од некаде мора да се почне“.
Во таа насока ние ќе го разгледаме и ќе поднесеме амандмани. Колку е поригорозен законот толку ќе биде подобро за нашата држава, мораме да поставуваме критериуми за јавните критериуми, рече Александрова.
Та објасни дека критериумите се комплексно прашање, треба да има проверки во повеќе насоки и не само како е стекнат имотот, туку да се разгледа и интегритетот на личноста која се предлага за јавна функција.
На новинарско прашање дали ветингот е потребен заради значи недостатоци во законот за антикорупцијата и судир на интереси, Александрова рече дека не гледа недостатоци и ги поздрави вработените во антикорупциската комисија и препорача тие да се бават со повисоките облици на судир на интереси кај сите функционери.
Comments are closed for this post.