Како што Заев најави пред неколку месеци, власта има отворено 750 случаи против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Значи, замислите Заев, премиерот на државата кој што не треба да се меша во судството и во обвинителството, точно знае колку случаи се отворени против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Утрово го отворија 751, затоа вчера и завчера имаа дебакл со изборот на Влада, затоа што вчера и завчера Заев не знаеше дека не може биде и премиер и министер за финансии, па не знаеше како да излезе од целата таа ситуација во којашто сака директно да ја контролира државната каса за да може акцијата „евро за евро“ да продолжи да функционира во оваа држава.
Ова го рече на денешната прес-конференција Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
751 истрага против членови на ВМРО-ДПМНЕ е отворена затоа што власта е во тешки скандали и во овој момент Заев се поти на пратенички прашања, затоа што нема одговор како негови советници кои што се наводно советници за односи со Франција земаат плата на сметки во Србија. Како што и нема одговори на многу слични афери.
Ова е брутален политички напад. Со акцијата помеѓу другите лишени се од слобода членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, претседателот на еден од најголемите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Аеродром, Дејан Митевски како и други лица. Во оваа акција власта влегува со директна пресметка со членови на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи и обични службеници“, истакна Николоски.
Тој рече дека во акцијата покрај поранешниот министер се приведени и 6 жени кои што работат во различни институции во Република Македонија како обични службенички.
Приведени се 6 недолжни граѓани на оваа држава жени, обични службенички кои што си ја работат својата работа во Катастарот, Министерството, кај нотари и во правобранителството. Знаеме дека власта сака да се одмаздува. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато на прогони и на притисоци. Но ги повикуваме, еве нека ги гонат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, нека не ги гонат недолжните службенички кои што ништо друго не прават освен што си ја вршат својата работа“, побара Николоски.
Тој притоа предупреди дека „ова е случај во кој што нема, како што утрово беше најавувано криминал, корупција, ниту кај било кој од оние кои што се утрово приведени се најдени нелегално стекнати средства или противправна имотна корист. Се работи за толкување на управна постапка која што може да се толкува на еден или на друг начин. Истата од страна на службениците во разните институции може да е изведено правилно или неправилно“, рече тој.
На кого ќе определуваат притвор на шест недолжни жени кои што ќе направат, ќе бегаат од државата, каде ќе одат, или ќе определат притвор на оние кои веќе се во притвор, или ќе определат притвор на претседателот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром со цел да не може да го води ОК во Аеродром зошто на претходните претседателски избори ги прегази таму и ВМРО-ДПМНЕ победи со 3.500 илјади гласови разлика истата онаа општина која СДСМ на локалните избори ја сметаше за своја голема победа заради скандалите кои ги вадеше Дејан Митевски во јавност, заради истите скандали заради кои тој збореше за Златко Марин ВМРО-ДПМНЕ победи со 3.500 гласови разлика. На Златко Марин влакно не му фали на косата, ама Дејан Митевски утрово е приведен зошто бил обичен службеник во Министерството за транспорт и врски, внимавајте обичен службеник не бил на никаква раководна позиција, но само зошто е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром е приведен утрово“, потенцираше Николоски.
Димовски „жртва“ на скандалот со Дудуш?
Николоски рече дека Димитар Димовски изминатата недела држеше прес-конференции поради неработењето на Заев и разузданиот градоначалник, неговиот пулен Курто Дудуш и неправилностите и скандалите во МВР.
Затоа ли е приведен Димитар Димовски, затоа ли, за да не може од овде да држи прес конференции за скандалите на власта кои секојдневно ги прави“?, праша тој.
Власта е нервозна затоа што го знае расположението на граѓаните, ги знаат бројките, ги знаат анкетите и знаат дека ќе загубат, рече Николоски.
Судството и обвинителството да се оттргнат од рацете на власта
Во исто време апелираме до обвинителството и до судството да се оттргнат од рацете на власта и од политичките влијанија и да одлучуваат по словото на законот и уставот. Тоа е нивна обврска, тоа е нивна заклетва и тоа е нивната одговорност. Сакаме да веруваме дека ќе ги испочитуваат истите и дека ќе се стават крај на овие спектакли.
А, на полицијата да и кажеме дека ваквите спектакли еден ден ќе имаат одговорност, затоа што за година или две на овие луѓе ќе им се каже дека нема никакво дело, ама ќе им се уништат година или две од животот. Тоа е неправилно и тоа не смее да се дозволи, порача Николоски.
Comments are closed for this post.