Претседателот на Албанија, Илир Мета, денес присуствуваше на научниот симпозиум посветен на еден од најпознатите модерни албански писатели со македонско потекло, Стерјо Спасе, објавија албански медиуми.

Настанот го организираше македонското друштво „Сонце“ во соработка со Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча. На научниот симпозиум посветен на „Животот и литературното дело на Стерјо Спасе“ со свои трудови учествуваа научници од Албанија и од Македонија.

Претседателот Мета рече дека „му е чест да учествува на симпозиумот посветен на Стерјо Спасе, истакнат писател и интелектуалец“. Тој на семејството на починатиот писател им го додели одликувањето „Витез на редот на знамето“.

На симпозиумот беше истакнато дека Спасе е колосот на модерната албанска литература, а Спасе со делата направи да се чувствуваат горди и албанскиот и македонскиот народ..
Симпозиумит е подржан од Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМХРЦ) и Меѓународното македонско движење за човекови права (МХРМИ).