Министерството за животна средина информира дека во Битола на мерното место Битола 2, Тетово и Струмица прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 g/m3 во текот на два последователни денови) е надминат.
Согласно Уредбата за гранични вредности на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање издаде препораки и мерки за ослободување, меѓи кои, од работни обврски да се ослободат бремени жени, лицата постари од 60 години, како и хронично болните. Реорганизирање на работното време, зачестени контроли на инспекторите, воздржување од организирање јавни настани на отворено и други.
Од страна на МЖСПП, информираат дека за активирање на препораките за надминување на прагот на алармирање известени се надлежните министерствата, инспекторатите, институтите и до Единиците на локалната замоуправа каде е регистрирано алармантно загадување на воздухот, и обврзани се да делуваат.
Comments are closed for this post.