Откако Владата ја објави содржината на предлогот за уставни измени, еден детал кој се наоѓа на самиот крај остана незабележен. Имено, државата ќе биде должна да ја финансира бугарската дијаспора во странство. Да добро прочитавте, покрај за македонската, албанската, и за сите други делови од народ што се наведени во Уставот, македонската држава ќе мора да се грижи и за бугарската дијаспора.

Еве што конкретно се предлага.

Со Амандманот XXXVI со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, уставната обврска на Републиката за грижа за дијаспората на македонскиот народ и за деловите од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, се предлага да се дополни со уставна обврска за грижа и за дијаспората на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

Преведено во нормални зборови, ова значи дека ако се усвојат уставните измени и Бугарите влезат во него, Македонија може да се доведе во ситуација да издвојува пари за прослава на 3 март денот на Санстефанска Бугарија која ја опфаќала цела територија на денешна Македонија.

Или уште пострашно, но е не и невозможно.Македонија може да се доведе во ситуација да дава пари на МПО . „Македонската патриотическа организација“ како што е називот на оваа организација на Бугарски мигранти од САД и Канада кои не признаваат Македонци и на кои идеен творец е Ванчо Михајлов.