Академикот Владо Камбовски смета дека  уставниот закон треба да содржи посебна одредба според која Договорот од Преспа станува составен дел на домашниот правен поредок по прогласувањето на уставните амандмани и нивното стапување во сила со потпишување на законот за ратификација на договорот од страна на претседателот на Собранието, наместо од Претседателот на државата.

Уставниот закон би требало да ја исклучи надлежноста на Уставниот суд да ја оценува согласноста на Договорот со Уставот на Република Македонија – предлага Камбовски.