Во денешната прва изјава за јавноста наследникот на Вилма Русковска, Ислам Абази новиот шеф на ЈО за организиран криминал изјави дека иако се од исто село нема лични контакти со Али Ахмети но и со никој друг ДУИ.

Медиумот на албански јазик Pamfleti веднаш го демантираше Абази објавувајќи фотографија на која се гледа дека тој е фотографиран со Невзат Бејта е поранешен градиначалник на Гостивар од ДУИ и потпретседател на ДУИ.

Ислам Абази на лов со Невзат Бејта – потпретседател на ДУИ пишува Pamfleti за изјавата на Абази.

Новоизбраниот Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Абази прашан дали е точно дека е во блиски релации со ДУИ, Абази рече дека јавнообвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или членување во политичка партија.

– Никогаш не сум бил или пак сум член на некоја политичка партија. Ниту пак во моето досегашно работење сум оставил впечаток дека имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија, изјави Абази, посочувајќи дека нема лични контакти со Али Ахмети или некој друг од ДУИ.