Али Ахмети, лидерот на ДУИ изјави дека е разочаран од албанските опозициски партии кои во минатото не прифатиле коалиција ниту со ДУИ ниту сами меѓу себе, во емисијата „Аргумент“ на МТВ 2.
Според него, коалиција со партијата на Зоран Заев нема да и биде од корист на ниту една од страните. Такви предизборни коалиции се логични само на локално ниво или како што беше случајот на претседателските избори, изјавил Ахмети во емисијата „Аргумент“.
Мислам дека таква предизборна коалиција нема да му користи ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Не мислам дека ние ќе бидеме спасители и да влеземе во такви предизборни коалиции поради атер. Тоа нема да му помогне ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Се уште постојат разлики во програмите. Ние имаме програмски разлики на национални линии, изјави Ахмети.
Comments are closed for this post.