Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема извршено промена во анкетниот лист уште од претходниот мандат, односно ниту купил нов имот, ниту сменил автомобил…
Али Ахмети како личен имот пријавил куќа од 254 метри квадратни во кичевското село Зајас, а куќата е проценета на 100.000 долари, за која не дал податок како ја стекнал.
Во Албанија пријавил земјиште од 700 метри квадратни кое вреди 30.000 долари. И за него не дал податок како го стекнал.Нема сопствено возило, но затоа неговата сопруга вози Фолксваген поло, од 7.000 евра.
На трансакциската сметка, пак, има 758.482 денари.
Comments are closed for this post.