Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја честиташе 11-годишнината од независноста на Република Косово која, како што вели, е најновата држава во Европа пред завршните предизвици за градење на државноста.

„Секој од нас има дадено придонес за најголемото национално постигнување, слободна, демократска и независна држава, Косово. Затоа, секој од нас што работел за овој ден, денес посакува да го види ова наше заедно достигнување, Косово, членка на ООН, НАТО и ЕУ, со развиено добрососедство и во благосостојба, напиша Ахмети во честитката.