Деновиве во Тирана се дебатира за улогата на УЧК и на обвинетите команданти. Потпретседателот на Демократската партија на Албанија Еди Палока тврди дека премиерот Еди Рама и руското Министерство за надворешни работи се единствените кои сè уште зборуваат за Жолтата куќа, во која според повеќе извештаи се правеле операции за вадење органи од заробеници на УЧК за време на косовскиот конфликт.
Неколку медиуми објавија дека еден од можните сведоци би можело да биде и Артан Груби, актуелен прв потпретседател на Владата.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети на ТВ 21 рече дека првиот вицепремиер Артан Груби имал само улога на преведувач во таканаречената „Жолта куќа“ на Косово.
Ништо повеќе од тоа – рече Ахмети, додавајќи дека не му е пријатен нападот врз тогашната ОНА која, според него, се борела за права и слобода на Албанците во Косово.
Тој истакна дека верува во меѓународната правда и дека, како што рече, обвинетите поранешни команданти на УЧК ќе ја докажат невиноста.
Comments are closed for this post.