„Џеват Адеми не е тој што го сторил делото, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети за случајот со пукањето каде се сомничи пратеникот Џевад Адеми. Воедно тој ги повика органите на правдата да го истражат случајот и да ја соопштат вистината на јавноста.

Шефот на интегративците вечерва за Алсат за прв пат се огласи за овој случај, каде од страна на родителот на повредениот Јусуф Билали, пратеникот беше обвинет дека тој го сторил делото.

Има правосудни органи, има органи на редот и тие треба да ја кажат вистината за тоа како се случил настанот. Никој не сака ниту да го убие момчето, ниту да го убие пријателот и барем Џеват Адеми не е тој што го сторил делото, но, ова е прашање кое треба да го кажат правосудните органи. Џеват во овој случај повеќе е жртва на озборувања“, изјави за Алсат Али Ахмети, претседател на ДУИ.