Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека денешниот ден е важен за граѓаните да пратат порака до целиот регион и до меѓународната заедница дека сме зрело општество. Ахмети гласаше во вториот круг од претседателските избори на избирачкото место 0816 во Зајас.

Не е ден за седење дома, туку ден за да се даде придонес за иднината и така сите заеднички да чекориме кон сигурната иднината на нашата земја. Излезноста до овој момент е поголема за 0,5 проценти споредбено со првиот круг во оваа време. Според моите информации до овој момент изборниот процес се одвива мирно и без никакви проблеми, рече Ахмети.